Логопедски центар · Скопје и онлајн
⌕ ПребарајЗа организацииОнлајн платформа077 606 348⌖ Локација
ПЛоготека Пеперутка
ЗА НАС

Стручност, човечност и простор за секој мал чекор.

Од онлајн логопедска поддршка до современ логопедски центар — Пеперутка расте со една иста цел: услугата да биде стручна, достапна и блиска до семејството.

Јулијана Секулоска, специјалист клинички логопед
КЛИНИЧКИ ЛОГОПЕД

Јулијана Секулоска

Специјалист клинички логопед, мајка, писателка и уметник. Во работата ја спојува стручната проценка со топла, креативна и игровна комуникација.

Особено внимание посветува на довербата: клиентот да се чувствува разбрано, а семејството да знае што работиме, зошто и како може да помогне дома.

„Секој напредок започнува кога лицето ќе почувствува дека некој навистина го слуша.“
01

Индивидуално

Не работиме по шаблон. Целите се врзуваат со реалниот живот.

02

Заедно

Семејството е партнер, со соработка со медицински и образовни стручњаци кога е потребно.

03

Мерливо

Следиме што се менува и го приспособуваме планот според напредокот.

ЗАПОЗНАЈТЕ НÈ

Првата средба е простор да се слушнеме и да направиме јасен план.

Закажете проценка